Антонијо Милошоски лаже, тврдат од Кабинетот на Џафери

by fokus

Антонијо Милошоски лаже! „Што ѝ ветил Талат Џафери на делегацијата од Чеченија која била во посета на Собранието?“ е прашање кое нема одговор затоа што Претседателот немал средба со делегација од Чеченија, реагираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери на објавите на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

На денот кој се наведува во информациите на порталите 8 јули Претседателот Џафери имаше средба со делегација од Еврпскиот муслимански форум Абдул-Вакхед Нијазов, претседател на Европскиот муслимански форум (Брисел, Белгија / Москва Русија; на средбата присуствуваа и Ромас Јакубаускас , муфтијата на Литванија, Член на одборот на Европскиот муслимански форум, (Вилнус, Литванија); д-р Надер Акад, имам на Исламскиот центар во Трст…., се вели во реакцијата од Кабинетот.

Милошоски обвини дека дел од делегацијата бил Абдул-Вајед Низаов, кој како што вели е марионета на Кремљ и основач на здружението на „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“.

Поврзани новости