Антонијо Милошоски чека четврто дете: Три ќерки за две години!

by fokus

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски кон крајот на годината го очекува раѓањето на своето четврто дете, ќерка.
Дознаваме дека убавата вест веќе ја споделил со своите блиски пријатели и колеги, и се радувал што за краток период повторно ќе добие уште една, трета ќерка. Веста за ,,Фокус,, ја потврди и пратеникот.

Имено, Милошоски од првиот брак го има синот Давид, а со сопругата Симона, која по професија е архитект, и со која кон крајот на мај 2016 година направи свадба, во август истата година ја добија ќеркичката Дариа. Лани во октомври ја доби втората ќерка Михаела.

Тој е еден од ретките политичари кој не го крие своето семејство од јавноста и редовно споделува фотографии и видео клипови со децата на социјалните мрежи, и објавува разни анегдоти кои се дел од секојдневието на неговата фамилија.
На нашето прашање какво е чувството што по четврти пат ќе стане татко, тој вели дека е пресреќен, и како секому посакува таква радост.

-Три дечиња, четврто на пат, многу сум среќен! Сите дома се радосни, а бабите и дедовците се во посебна состојба, тие летаат од радост! – ни изјави.

Покрај Милошоски, од страна на политичарите, четири деца имаат и Влатко Ѓорчев и Крсто Муковски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости