Антивладиниот протест на Мицкоски најавен и на Фејсбук: Реформите каскаат, Македонија оди во непосакуван правец

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук го најави антивладиниот протест кој по неколкумесечно најавување, Хирстијан Мицкоски го закажа за 2 јуни во 20 часот. Во најавата, опозиционерите пишуваат дека власта ги враќала изборните долгови на штета на граѓаните.

„Реформите каскаат. Република Македонија оди во непосакуван правец. Остатоците од транзицијата со последни сили сакаат да ја остават државата во мрачниот период на минатиот век. Картелот сака да ја одржи ситуацијата на заробена држава и нефункционални институции, кои ги креираа за да ги штитат од санкцијата до која неминовно мора да дојде“, пишува во најавата за протестот.

ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук ги повика сите разочарани од премиерот на протестот пред Владата.

„Ги распродаваат националните и државни интереси како да се во приватна сопственост на картелот Заеви.  Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“, стои во најавата.

Поврзани новости