Во Македонија се спроведува незаконска присилна вакцинација над децата и дискриминација на оние кои не сакаат да бидат вакцинирани, беше речено на
конференцијата на тема „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“, која се одржа вчера во Скопје. На настанот присуствуваа околу 150 гости, но не се појавија претставниците од Министерствата за здравство и образование и од Институтот за јавно здравје, иако биле повикани, велат организаторите на конференцијата.
„Сметаме дека навистина беше потребно да се разјасни врз основа на кои аргументи ги дискриминираат првачињата и претшколските деца и ги исфрлуваат од училиштата и градинките“, велат од невладината „Од нас за нас“ за владината одлука да не се запишуваат во училиште првачињата кои не се вакцинирани.
На конференцијата беше побарано:
Да се почитува правото на избор при секоја медицинска интервенција (вклучувајќи ја и  вакцинацијата) согласно сите закони и меѓународни конвенции;
Да се почитува информирана согласност пред вакцинацијата односно секој родител да ги добие информациите пред секоја вакцинација и да одлучи согласно своите
убедувања;
Да се формира македонска национална лабораторија за контрола на квалитот на
вакцините;
Да се спроведува вистинска статистика на нус појавите кои се појауваат кај одредени лица на кои се применува вакцинацијата;
Да се формира фонд за обештетување на лицата кои претрпеле одредени нус појави
при вакцинацијата.
Според антивакцерите поединците се изложуваат на ризик од сериозни
задравствени последици и смрт, под изговор дека се штити јавното здравје и велат дека колективниот имунитет е мит.
„Успешноста на вакцинацијата е најголемата научна измама на 20. век, во светот не постојат студии што го следат здравјето на децата после вакцинирање. Лекарите не се заинтересирани да ги читаат студиите врз основа на кои вакцините се пуштени во употреба и никој не презема одговорност кога нешто ќе тргне на лошо после вакцинацијата“, беше речено на конференцијата.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.