Антикорупциска отвори предмет за Матка, бидејќи институциите се прогласија за ненадлежни

by fokus

Државната комисија за спречување на корупција отвори два нови предметa по кој ќе постапува по допрен глас – случајот Матка и корупцијата во политиката која се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на изборен процес.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека за двата отворени предмета ќе бараат информации односно документи од општината Сарај односно од АВМУ. Во однос на случајот Матка одлучиле да постапуваат бидејќи, како што рече, институциите се прогласиле за ненадлежни.

Ивановска најави дека можно е да отворат предмет и за случајот со плажите во Струга.

 

Поврзани новости