Антикорупциска: Оставката на Рашковски нема да влијае на отворените предмети за него

by fokus

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, вели дека оставката на Драги Рашковски не влијае врз предметите кои се отворени за него.

-Во врска со поставеното прашање од повеќе медиуми, дали ДКСК ќе продолжи со постапување по предметите поврзани со Драги Рашковски, ДКСК информира дека оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК, вели Ивановска.

Поврзани новости