Антикорупциска неколку дена по повикот за десоросоизација почнала да чешла невладини

by fokus

Според наодите од следењето на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)  во периодот од октомври до декември 2016 побарала надлежно постапување од Јавното обвинителство за 21 здружение и фондација и една политичка партија, односно, детални контроли на нивното финансиско-материјално работење од Управата за јавни приходи и за финансиска контрола/анализа од Управа за финансиско разузнавање. Ова денеска беше презентирано  на форумот „Превенција на корупцијата – водство и координација во Македонија“ во Скопје што го организира МЦМС.

Ако се земе предвид дека поранешниот премиер, Никола Груевски на 17 декември, 2016 пред ДИК најави дека владата ќе почне процес на „десоросоизација на општеството“, значи дека Државната комисија неколку дена подоцна го почнала тој „процес“.

Невладините организации во изминатите пет месеци неколкупати се обраќаа до досегашната власт со апел да престане со политичкиот притисок преку инспекциите.

Поврзани новости