Антикорупциска ќе ја „чешла“ имотната состојба на Ѓорге Иванов

by fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска објави дека ќе врши проверка на имотот на претседателот Ѓорге Иванов.

Како што изјави денеска на петтата седница претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, Антикорупциската комисија проверката ќе ја врши по допрен глас, согласно членовите 92 и 85.

Мандатот на Иванов му истекува на 12 мај годинава, а проверката на имотната состојба е со цел да се види каква промена има во имотот на претседателот во двата негови мандати.

Минатата недела ДКСК објави дека предмет на постапка на Антикорупциската комисија ќе бидат предизборните унапредувања и именувања во Армијата што, како што наведоа оттаму, Иванов ги потпишал во предизборен период.

Поврзани новости