Антикорупциска ја запре постапката против Пановска-Ставридис

by Frosina Fakova

На денешната седница членовите на Антикорупциската комисија ја запреа постапката против директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска – Ставридис, бидејќи не ги потврдиле наводите за местење на тендери и судир на интереси при набавките на лекови од веледрогеријата „Пановски“.

– Наводите по наведените основи на пријавата не се потврдени по што постапката по предметот се запира и предметот се архивира, рече членот на ДКСК кој го образложи овој предмет и нагласи дека овој предмет е доста обемен и на него е работено долговреме во прибирање информации од институции.

Пријавата беше за местење тендери за набавка на лекови за ретки болести од веледрогеријата за Клиниката, со подвлекување дека Ирина Пановска Ставридис е директор и член на Националната комоисија за ретки болести, а нејзиниот татко сопственик на веледрогеријата.

Поврзани новости