Антикорупциска истражува под кои критериуми фирмата на екс министерката Ангеловска добила државна помош

by fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе истражува дали има конфликт на интереси при исплатата на помош од владините антикризни мерки за фирма во која сопственик е поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска.

Изминатите денови, од ВМРО-ДПМНЕ, информираа дека компанијата во која Ангеловска е ко-сопственик, „Вебспот“ за три месеци од државата добила 11.000 евра.

ДКСК ги проверува критериумите според кои се доделувала економската помош за исплата на плати на фирмите.

Претходно, ДКСК донесе решение дека во случајот со повлекувањето на парите на Нина Ангеловска од Еуростандард банка, неколку дена пред прогласувањето на стечај за банката, нема законски санкции, туку само тоа дека овој случај е проблематичен од етички аспект.

Поврзани новости