444
Од Основното јавно обвинителство соопштија дека се истражуваат наводите за трошењето во Државната комисија за спречување на корупција.
„Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција. По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции“, велат од Основното јавно обвинителство.