Анкета : ВМРО – ДПМНЕ 29,9 отсто , СДСМ 28,5

by fokus 23:00
23:00

Според најновата анкета на агенцијата „Рејтинг“, нарачана од 24 Вести, разликата помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е 1,4 процентни поени.

148658

Вкупно  29,9 % од граѓаните се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО – ДПМНЕ, додека 28,5 се изјасниле дека гласот ќе го дадат за СДСМ.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Трета партија во условно кажано македонскиот блок е коалицијата ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА за која се изјасниле 3,3 %.

Во албанскиот кампус најмногу граѓани кажале дека ќе гласаат за ДУИ и тоа 6,8 %, потоа следи БЕСА со 3,2 дпа со 2,8, и КОАЛИЦИЈАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ на Села со 2,7 %.

Драстично е намален бројот и на неопределени граѓани и како такви се изјасниле 8,5 %, а 12 % одбиле да се изјаснат.

Oд другите прашања, 55 % од граѓаните се изјасниле дека ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство, 48,7 % од граѓаните кажале дека прислушувањето го правеле домашните служби, а како најголем проблем е означена невработеноста за што се изјасниле 32 % од анкетираните.

Анкетата на Рејтинг е направена од 24 до 30 ноември на 1.200 испитаници.

 

Поврзани новости