Aнкета на Телма: Тесна разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

by fokus 22:51
22:51

Разликата меѓу главните македонски политички партии изнесува 4,8 отсто, покажа анкетата нарачана од телевизија „Телма“, а која ја спроведе Институтот за демократија Социетас Цивилис и МЦМС.

На неа, 23,7 од испитаниците рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 18,9 отсто, за ДУИ 6,2 отсто, за ДПА 3,3 отсто, за БЕСА 1,2 отсто, додека за други партии би гласале 4,9 отсто.

- Advertisements -

Од албанскиот електорат, 6,3 проценти се изјасниле дека ќе гласаат за СДСМ, а 1,3 проценти за ВМРО-ДПМНЕ.

Во анализата на анкетата се наведува дека дури 18,2 проценти од гласачкото тело кое се изјаснило дека ќе гласа на изборите не сакало да одговори за кого ќе гласа.

Поврзани новости