Анита Бегова: Да му се судеше на Латас во новата зграда ќе се судеше за бесправно градење во бесправна градба

by fokus

Адвокатката на новинарот Латас, Анита Бегова, во своето воведно излагање во предметот Тревник, посочи дека е бесмислено на обвинетите да им се суди за бесправно градење кога новиот објект на Кривичниот суд е брсправна градба.

-Да се одвиваше рочиштето во новата зграда на Кривичниот суд, обвинетите ќе се судеа за бесправно градење во бесправна градба. Јас не сум градежен инспектор но балкон без врата не верувам дека е по потребните прописи – рече Бегова.

Таа ги спореше доказите на СЈО во делот со сателитските снимки од Google велејќи дека во Република Македонија е забраното да се постави камера на влез од зграда без согласност од сите станари.

Адвокатката на обвинетите Светлана Савиќ, пак, рече дека доказите предложени од СЈО се во спротивност со законските можности за нивно користење. Адвокатите на браќата Павловиќ ќе ја темелат одбраната на фактот што немало умисла бесправно да се изградат викенд куќите во Зелениково. Освен тоа, рекоа адвокатките, обвинетите воделе потребни законски постапки за градба пред пет надчежни државни институции.

-Во обвинението недостасува субјективниот елемент намерата да се изгради дивоградба. Не постои решение од овластен градежен инспектор, не постои пријава од сосед, ниту забелешка од Општина Зелениково. Бидејќи нема намера и умидла за кривично дело таквите пријави се отфрлаат. И да постоеја дејствија истите би биле само прекршочни – рече адвокатката Савиќ.

И покрај тоа што денеска требаше да бидат преслушувани снимените разговори, на барање на одбраната тоа беше одложени. Имено одбраната бара повеќе време за да ги издвои снимките за кои ќе побара исклучување на јавноста

Поврзани новости