Анимиран филм за деца синхронизиран на македонски и на албански јазик од утре во кината

by fokus
Дански анимиран филм за деца синхронизиран на македонски и на албански јазик од утре ќе биде прикажан во повеќе од 20 киносали во Македонија и онлајн на платформата www.cinesquare.net. Станува збор за филмот „Неверојатната приказна за џиновската круша“
Со ова Македонија е дел од голем меѓународен проект за кинодистрибуција. Филмот истовремено се прикажува и во Хрватска и во Албанија, синхронизиран на јазикот на земјата каде се прикажува.
Во Македонија ќе се прикажува во Скопје, Куманово, Гостивар, Тетово, Дебар, Прилеп, Битола, Велес, Охрид, Струга, Радовиш, Струмица, Кавадарци, Неготино, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Пехчево, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Центар Жупа.

Поврзани новости