Анима Мунди: Се најадовте ли добро отец Пимен?

by fokus

Од здружението за заштита на животните „Анима мунди“, реагираат на фотографијата со печено прасе која отец Пимен ја шернал на својот фејсбук профил. Над фотографијата стои повик до здружението: „Епа анима ние се најадовме. Туку со кучињава шо праиме? Кинези да викаме?!?“

Од „Анима мунди“ му порачуваат на отецот да се осврне на христијанската етика, духовност и сочуствителност, и да погледне во својата совест.

„Кој ќе ги слуша вашите филозофирања за Бог, правда, сочувство додека се потсмевате над телото на масакрирано животно. Гледате ли подалеку од сопствениот стомак, СЕ НАЈАДОВТЕ ЛИ ДОБРО Отец Пимен?“, прашуваат од здружението.

Од таму цитираат пасуси од христијанската литература.

„Бог ги љуби сите свои созданија (Псалми145:9), сите суштества на Земјата ги создал од љубов, и кој не љуби не го познава Бога, зашто Бог е љубов (1 Јованово 4:8).

„..Сигурно ние треба да покажеме милост и нежност кон животните, од многу причини, особено затоа што тие се од исто потекло какои ние самите.” – Свети Јован Златоуст.

Поврзани новости