Анѓушев: Само и кажав на Тасева пред да ме споменува да побара мислење од мене

by fokus

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев, за „Код“ на „Телма“ вели дека не и се заканувал на претседателката на „Транспаренси интернешнал“, Слаѓана Тасева, туку само и укажал во неформален разговор. Прашува зошто истражувањето на невладината за „Фени Индустри“ е адресирано до него, кога, додава, нема учество во таа работа.

-Само и кажав во разговор пред да спомнува имиња како моето, да побара мислење и од мене – вели Анѓушев.

На обвинувањата дека контактирал со банките и дека презел повеќе дејствија во врска со продажбата на „Фени“ и стечајната постапка, Анѓушев вели дека тоа му е работа.

-Постапката за изнајмување беше транспарентна. Тоа е работа на Владата, да ги охрабрува инвеститорите и да обезбедува бизинис клима. Барам само да не се именуваат личности кои не се поврзани со никакви дејствија, туку да се насочат таму каде што се по закон одговорни субјекти. Не можеме да ги амнестираме тие кои придонеле тоа да се случи во Македонија – вели Анѓушев за „Код“.

Тасева од друга страна го обвини Анѓушев за тргување со влијание. Вели дека тоа е кривично дело.

-Претставката укажува на повеќе дејствија на судир на интереси од страна на вицепремиерот Кочо Анѓушев, Тој презел повеќе дејствија вклучувајќи разговор со банките. Дали е тоа работа на еден вицепремиер? Тој поднесок има девет страни, со точки во кои се укажува на конфликт на интереси – вели Тасева.

Поврзани новости