Анѓушев: Платите на градежните инженери рапидно растат

by fokus

Градежниот факултет е една од клучните образовни институции коишто влијаат практично врз целокупното градежништво во државата, а кое е еден од столбовите на економскиот развој на државата. Доколку сакаме здрава економија, мораме да имаме добри едуцирани кадри во оваа област, истакна денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Градежниот факултет во Скопје.

Тој посочи дека денес тешко може да се најде солиден градежен инженер, а притоа да не биде добро платен.

– Јас тоа го знам од соработка со сите градежни компании. Мислам дека особено на градежните инженери платите рапидно растат и тоа е само еден од условите тие млади луѓе да си ја најдат иднината во нашата држава. Се разбира, треба да имаат и подобар амбиент, стабилна држава, добар здравствен систем, за да не заминуваат од тука, рече Анѓушев, во врска со проблемот за одлив на млади стручни кадри од државата.

Тој посочи дека фактите покажуваат оти платите во последните две години пораснале 10 отсто.

-Јас ви гарантирам во делот на инженерските кадри тие пораснаа многу повеќе, потенцира вицепремиерот.

Поврзани новости