Анѓушев: Лага е дека струјата ќе поскапи

by fokus

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев, одговорајќи на новинарски прашања денеска ги демантираше обвинувањата од опозицијата дека враќањето на евтината тарифа на струјата е со цел да се затскрие нејзино поскапување наредната година.

-Заштедите што ќе се постигнат во енергетските компани, за кои гледаме дека има простор, ќе бидат трансферирани кај граѓаните на Република Македонија, во облик на евтина тарифа на струјата, и во други придобивки. Лага се сите информации околу покачувањето на цената на струјата. Тоа е само одвлекување на вниманието на македонската јавност од вистинските теми. А, вистинската тема е дека се врати евтината тарифа на електричната енергија, таа што ја укина претходната Влада, која денеска ја враќаме како придобивка на сите раѓани. Вистина е, исто така, дека во јуни оваа година се бараше покачување на цената на струјата за 6 отсто, но наместо тоа, цената се намали. Ја информирам јавноста во Република Македонија, дека цената на струјата во иднина, воопшто не е тема. Некој сака да ја пласира како тема за да задскрие други активности кои народот бргу ќе ги види. Македонскиот народ е интелигентен и на таквите лаги нема да потклекне“ – рече Анѓушев.

Поврзани новости