Анѓушев: Добро што автопатот Кичево-Охрид завршува во Македонија, а не во некоја друга држава

by Фокус

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во минатиот период се забележал раст во сите сектори освен во градежништвото, како резултат на стопирањето на градењето на автопатите. Според Анѓушев, претходната влада и ги оставила автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид на новата влада во неповолна состојба, со застој во градењето и пропусти во проектите.

-Кој и бранеше на претходната влада за го заврши автопатот Миладиновци-Штип во предвидениот рок на 1 мај оваа година? Благодарение на оваа влада, градежните активности на оваа траса се интензивираат. Автопатот Кичево-Охрид, пак, е проектиран од Кичево во Охрид без ниту една клучка и раскрсница, како прав експресен пат. Значи, од Кичево веднаш се стигнува до Охрид. Добро што преку патот не се стигнува до друга држава – со доза на иронија говореше Анѓушев.

Поврзани новости