Ангеловски: Мојата сопруга е болна од ковид, оваа победа е за неа

by Фокус

Морам да кажам дека мојата сопруга е болна од коронавирус додека јас сум овде, така што оваа победа е за неа, за моите деца, тие се мојата најголема поддршка, рече селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по денешната победа над фаворизираната Германија.

-Овие момци уште еднаш ја направија горда цела Македонија. Победивме против четирикратен светски шампион, кој 20 години немаше пораз во мундијалски квалификации. Кој ќе ја урне таа традиција ако не овие наши спортски херои. Радувај се Македонијо и слави ги овие херои – порача Ангеловски.

Поврзани новости