Ангеловски: 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата

by Fokus

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 94 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената, од кои 61 во Битола, а 33 во Прилеп, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес – конференција во Битола.

-Евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 година споредено со ноември 2019 година имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата, кажа Ангеловски.

Во вчерашната контрола санкционирани се и 29 лица што управувале возило без возачка дозвола, 22 управувале нерегистрирани возила, шест возачи возеле под дејство на алкохол, како и други прекршоци.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани новости