Ангеловска: Се планира исплата на пензиите, најголемиот удар го очекуваме во вториот квартал

by Фокус

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска информираше дека од почетокот на годинава до 15 април повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 проценти или за 20 милиони повеќе.

-Само во првата половина во април е зголемен поврат на ДДВ за 65 проценти во однос на истиот период минатата година – рече Ангеловска и информираше дека се исплатени субвенциите за тутунот за 2019 година.

Таа посочи дека се прават подготвки за исплата на пезниите, што е планирано за последната недела од месец април.

-Исплатата ќе се систематизира и дисперзира за да не се прават толпи и да не се загрозува здравјето на граѓаните – порача Ангеловска.

Одговарајќи на новинарско прашање за колку тоа ќе се намали БДП, Ангеловска посочи:

„Ние солидно ја започнавме годината во првите два месеца, бидејќи ефектите од ударот на кризата веќе се почувствуваа во месец март. Овие позитивни движења ќе се неутрализираат со ударот од март, но сепак очекуваме раст на економската активност. Најголемиот удар се очекува во вториот квартал. Предвидуваме во вториот квартал најголема контракција во економијата со износи од околу 15 проценти, благо опоравување во третиот квартал и позитивен раст во четвртиот квартал…“.

Поврзани новости