Ангеловска: „Дуинг бизнис“ потврди дека сме лидери во регионот и Европа за основање и водење бизнис

by Fokus

Северна Македонија е најдобро рангирана во регионот и пред многу земји од Европската унија и затоа не може да се зборува за пад, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање за позиционирањето на земјава на 17-то место во најновиот извештај „Дуинг бизнис“, што е седум места подолу од претходната година.

– Не станува збор за пад. Зависи како се гледа и толкува. Добро е кога се споредуваме да ги видиме сите параметри. Северна Македонија е се уште најдобро рангирана во регионот. Ако ги погледнете сите земји од регионот ние сме далеку највисоко поставени. Од друга страна ако се споредиме со членките на ЕУ, 24 земји се под нас. Затоа не може да се зборува за пад. Ако ја видиме листата, ќе видиме колку развиени земји се зад Северна Македнија. Резултатите кажуваат дека сме лидери во регионот и во Европа во однос на условите за основање и водење бизнис, изјави Ангеловска на маргините од регионалниот настан „Патека до инклузивна дигитална економија: како да изградите успешен е-бизнис за жени претприемачи”.

Ангеловска најави дека Владата ќе направи анализи и ќе работи на натамошно поодбрување на сите периметри.

Поврзани новости