Ангелов: Тешко е да се препознае напредок во бугарско-македонските односи

by Fokus

Соседските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија одбележаа невиден напредок по потпишувањето на Договорот за добрососедство и имаше низа заеднички настани на лидерите од двете земји. Но две години подоцна тешко е да се препознае напредок, а на негово место настана недоверба, напади и штетни дејствија, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во емисијата „Бугарија наутро“ на ТВ „Бугарија он ер“ (Bulgaria On Air).

-Главниот проблем е дека договорот меѓу нашите држави создаде рамка, дека нештата ќе се променат и ќе почнеме да се движиме по нов пат. Но, за жал, кон Бугарија досега не видовме таква голема желба за соработка, рече Ангелов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарскиот амбасадор, преголемите емоции ја прават нивната работа посложена и оти треба да се мисли попрагматично.

-Сите инструменти треба да се применуваат заедно – од историјата до економијата. Тоа е пристапот што е најправилен, истакна тој.

Поврзани новости