Ангелов: Снегот е благодет за земјата, каде видовте нечисти улици?

by Fokus

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24 говореше за проблемите со снегот со кои се соочи нашата држава.

Според него, сите улици се чисти и додаде дека треба уште повеќе снег да заврне, поради како што рече, тоа е благодет за земјата.

„Јас не видов ниту еден изненаден годинава од снегот, „Македонија пат“ паралелно со врнењето на снегот го чистеше снегот. Сметам дека имаме соодветна реакција, ниските температури ги отежнуваат состојбите. Не се согласувам дека некој бил изненаден од снегот. Ние сме држава, стоиме на располагање за луѓето и од отсечените планински села. Во Тетово имаме отежнато движење во планинските села, на повисоките места во тетовско снегот достигнува до 60-тина сантиметри. Снегот е благодет за земјоделците, неговата корист е поголема од неговата штета. Нека заврне уште повеќе снег, добро е за хидлорошката состојба“, истакна Ангелов.

Поврзани новости