Ангелов: Пожарот е под делумна контрола, но силниот ветер може да ја промени состојбата

by fokus

Два македонски и два српски хеликоптери непрекинато, почнувајќи од раните утрински часови, учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во реонот на пехчевската и беровската оштина, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-За да се зголеми нивната ефикасност, во близина на местото на кое гаснат, поставивме цистерна со керозин и сега наместо да летаат до Скопје за да наполнат гориво полнат до самото место на гаснење со што времето за полнење на гориво е драстично скратено со и можат да се направат значително повеќе летови.

Воедно во и до коритото на реката Брегалница се врши ископ на поголем земјен базен од кој ќе може да се црпи вода со што дополнително е скратено времето на интервенција.

Во овој момент пожарот е под делумна контрола, но високата температура, сувата вегетација и силниот ветер можат да ја променат состојбата во секој момент.
Околу 14.00 часот на оваа локација ќе дејствува и романскиот авион чија носивост е околу 6 тони вода за разлика од нашите хеликоптери чија носивост е 2 тона или српските чија носивост е до 1,2 тона, вели Ангелов.

Поврзани новости