Ангелов: Кризна состојба не беше активирана за да се набават вакцините

by Фокус

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, смета дека засега нема потреба од активирање на капацитетите на приватното здравство. Како што изјави тој на Телма, ЦУК редовно оддржува координации врзани за Ковид пандемијата.

-Пакетот мерки е закочен поради политички причини. Кризна состојба не беше активирана со цел да се набават вакцините. Благодарение на кризната состојба, ако дојдеме до ситуација да нема капацитети во јавното здравство, ние ќе можеме да ги преземеме капацитетите во приватните болници. Бројот на болни на кои им треба хоспитализација почна да паѓа. Јас одговорно тврдам дека во минатиот бран немавме потреба да го активираме приватното здравство – рече Ангелов.

Тој додаде дека ЦУК не е на врвот на хиерархијата на водење во кризната состојба.

Поврзани новости