Ангелов: ДПМНЕ и Зијадин Села ги подгреваат меѓуетничките тензии

by Fokus 17:46
17:46

Спинувањето на изјавата на претседателот на СДСМ трае веќе неколку дена. ДПМНЕ подгрева меѓуетничка тензија спинувајќи ја изјавата на Заев, но на тој начин, ДПМНЕ прави повеќекратна штета, истакна лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

– ВМРО-ДПМНЕ започна една лавина која што се засилува последните неколку дена. На оваа лавина, вчера се надоврза и градоначалникот на Струга, Зијадин Села, кој што изјави дека доколку албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот, треба Македонија да се подели на две федерални единици со албанско и словенско говорно подрачје – рече Ангелов.

Тој кажа дека Достоинство ја осудува и постапката на ВМРО-ДПМНЕ која што спинувајќи изјава на лидерот на СДСМ, неколку дена ја држи актуелна оваа тема, но исто така го осудуваат и Зијадин Села кој што, според Достоинство, со ваквата непромислена изјава ги подгрева меѓуетничките тензии во Македонија и на тој начин влетува во стапицата која што вешто ја поставува ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости