Ангажирани готвачи за трудната Јелена: Се има, се може

by fokus

Веста дека популарниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена го очекуваат своето второ дете деновиве е топ тема во светските медиуми. Со цел бременоста да помине во најдобар ред и Јелена да ги добива сите потребни витамини, Новак специјално ангажирал готвачи од неговиот ресторан ,,Еквита’’ во Монте Карло, кои што ќе се потруделе таа да се храни здраво и да внесува доволни количини на разноврсна храна – известуваат српските медиуми.

„Изготвено е посебно мени во ресторанот, кое што ги содржи сите продукти потребни за здрав развој на бебето. Инаку, во нивниот ресторан секојдневно пристигаат продукти, овошје и зеленчук од сите краеви на светот, и сите имаат проверено и здраво потекло“ – изјавиле луѓе блиски на познатиот пар за српски „Ало“.

Јелена, која што е во вториот месец од бременоста, планирала да се породи во Монте Карло, каде што пред двеипол години го роди синот Стефан.

Таа е позната по своите совети и рецепти за приготвување на здрави оброци за деца, кои што ги споделува на социјалната мрежа Инстаграм. Неодамна токму поради тоа, се најде на мета на напади, бидејќи во своите здрави оброци најчесто користи продукти кои што се доста скапи, а и не може да се најдат во повеќето маркети кај нас.

Во приготвувањето на нејзините здрави оброци таа често користи спирулина, путер од бадем, манго, индиски орев, јагоди, боровинки, авокадо, разни алги и семиња од повеќе земји во светот. Токму поради тоа, на социјалните мрежи ја обвинија дека очигледно заборавила од каде потекнува, и како во Србија, а и на Балканот, цели семејства го минуваат месецот со примања од околу 200 – 300 евра, па и да сакаат, не можат да си  дозволат да ги применуваат нејзините совети за здрава исхрана.

Вики Клинчарова

Поврзани новости