Аневски: Законски сум избран за претседател на Советот на јавни обвинители

by fokus 12:05
12:05

Откако Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираше дека Петар Аневски незаконски е реизбран за претседател на Советот на јавни обвинители, за став го побаравме старо-новиот претседател Аневски. Тој тврди дека нема ништо спорно во неговиот избор, коментирајќи дека непотребно се кревало врева.

-Не е точно дека незаконски сум избран. Од Хелсиншкиот комитет убаво нека го читаат законот. Точно е дека бев претседател до август 2016 година, а сега повторно сум избран, но во нов, трет мандат на Советот, значи не сум реизбран во ист мандат, појаснува Аневски.

- Advertisements -

Првиот состав на  Советот на јавните обвинители на Република Македонија е конституиран на 01.08.2008 година, а вториот  на 01.08.2012 година, а заврши на 31.07.2016 година. Неодамна е конституиран третиот состав.

Но, еве што пишува во Член 8 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители.

„Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор“, стои во Член 8 став 3 во Законот за Советот на јавните обвинители.

В.В.

 

Поврзани новости