Аневски: СЈО нема основа да го бара случајот „Сопот”

by fokus

Претседателот на Советот на обвинители, Петар Аневски потврди дека го добил барањето на Специјалното јавно обвинителство за преземање на случајот „Сопот” под нивна надлежност. Аневски вели дека барањето е обемно и ќе го разгледаат наредниот период, но сепак посочува дека СЈО не можело да бара овластување за него бидејќи се случило одамна.

-Настанот се случил пред 13 години и Јанева не е овластена за настаните кои се случиле пред 2008 години. Ние побаравме дополнителни информации од Специјалното обвинителство, но речиси еден месец не сме ги добиле информациите кои сме ги барале.

Од СЈО пак, велат дека имаат надлежност за случаите побрзани со незаконското прислушување и се што произлегува од нив може да истражува. Од таму објаснуваат дека предметот го бараат врз основа на јавно објавен разговор, наводно воден помеѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Инаку, „Сопот“ се однесува на случај од 2003 година во кој од нагазна мина поставена на пат во близина на селото Сопот загинаа двајца полски војници од НАТО и еден цивил. За случајот осудени се 10 лица.

Поврзани новости