Аневски: Можеби се изразив многу во суперлатив за Зврлевски, ама е добар

by fokus

Советот на јавни обвинители денеска го прифати барањето на Владата да биде разрешен републичкиот Јавен обвинител Марко Зврлевски, иако претседателот на Советот, Петар Аневски, минатата недела изјави дека Зврлевски е перфектен обвинител. Аневски и денеска изјави дека не го сменил мислењето.

-Тоа е мислење. Се изразив можеби многу во суперлатив за обвинителот, инаку е добар обвинител. Секој го дели тоа мислење, мислам дека и мнозинството членови во Советот. Нема забелешка на неговата работата, рече Аневски.

Но, и покрај тврдењата на Аневски дека мнозинството во Советот нема забелешка на работата на Зврлевски, сепак мнозински беше изгласано да биде прифатено барањето за разрешување на Јавниот обвинител.

Поврзани новости