Аневски: Да се назначи нов обвинител на местото на Јанева и Фетаи

by fokus

Двете обвинителки го прeкршиле кодексот и наша препорака до нив е да се назначи нов јавен обвинител во конкрениот случај, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, откако Советот вчера одржал седница на која ја рзагледувал претставката на доскорешната вд. претседателката на Кривичниот суд Татјана Михајлова и донел заклучок дека двете обвинителки од Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс.

Аневски денеска информираше и дека е денешната седница на Советот на јавни обвинители е одложена.

На последното рочиште за случајот со насилството пред општина Центар обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи беа казнети со по две илјади евра поради „непочитување на судот“.

Поврзани новости