Анета Симеска Димоска е именувана за в.д. директорка на Државниот пазарен инспекторат

by fokus

Владата денеска на седница на предлог на Комисија за именување ја именуваше Анета Симеска Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија.

Од владината прес-служба информираат дека Анета Симеска Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии. Има 28-годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието.

Симеска-Димоска доаѓа на местото на Стојко Пауноски, кој беше разрешен од Владата на 27 април 2021 година, поради, како што соопшти тогаш Владата, непрофесионално однесување.

Разрешувањето на Пауновски следеше откако јавно кажа дека не може да ги преземе во ДПИ 32-цата вработени преку програмата К-5 што му ги определи Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование.

Поврзани новости