Анета и Џими ,,Молика” отворија ресторан: Го спечаливме од музика!

by Фокус

Во присуство на голем број пријатели и колеги, Анета Мицевска, вокалистка на групата „Молика“ и нејзиниот сопруг Џими, фронтмен на групата, го отворија својот ресторан „Вила Молика“ во Битола. Влатко Лозаноски – Лозано, Татјана Стефановска, Марјан Коцев, Ѓоко Јовиќ и многу други музичари беа дел од гостите на свеченото отворање, на кое Џими открил дека ресторанот одамна им бил голема желба со Анета, и како го заработиле само од музика.

За време на настанот, за микрофонот се фатиле и гостите и домаќините, а не изостанаа и комплиментите за креативно сервираната храна. Фолк групата „Молика“ постои од 1995 година и е една од најбараните во дијаспората. Редовно имаат настапи во Америка, Австралија, Канада и многу европски земји. Покрај музичката кариера, а сега и угостителството, парот има и транспортна компанија.

Лани, наместо промоција на нивното 9-то ЦД, парите предвидени за настанот ги донираа во Битола, во Домот за доенчиња и мали деца без родители. Тогаш изјавија дека во минатото направиле многу промоции, а за последниот албум се решиле да донираат, наместо да прават промотивна забава, со цел да ги мотивираат останатите граѓани и фирми да го сторат истото.

Вики Клинчарова

Поврзани новости