„Андрија и Анѓелка“ од денеска на Телевизија 24

by fokus

Денес веднаш по вестите во 17 часот, Телевизија 24 започнува со прикажување на серијата „Андрија и Анѓелка“, која го освои Балканот. Серијата за младиот брачен пар во триесеттите години е работена по канадска лиценца, а уште по првите прикажувања започна да ги освојува срцата на гледачите.

Андрија и Анѓелка се млади, забавни,заљубени, но и во постојан меѓусебен конфликт. Тие се типичен пример на сето она што се случува кога маж и жена долго живеат заедно. Со години се во врска, искрено се сакаат, но често се нервираат еден со друг. Во суштина, иако Андрија и Анѓелка се во постоја битка за докажување на својот став, победникот меѓу нив е љубовта.

Насловот на серијата е одбран случајно, а она што е интересно е дека актерите биле против. Среќа Анѓелка не одлучуваше за името, инаку сега ќе бев „Гузо“- додава Андрија Милошевиќ.

Андрија Милошевиќ и Анѓелка Прпиќ, совршено се вклопија како партнери во оваа хит серија. Тие се покажаа како добитен спој за комедија во кратка форма. За своите улоги и вечната машко женска тема, очекуваат препознавање од сите гледачи. Од критиките не плашат. Напротив, велат тие, критиките не предизвикуваат да станеме подобри. За двајцата, серијата има одличен хумор, кој е провокативен. Работите ги именуваат со вистинските имиња. Веруваат дека секој кој бил во врска, ќе има прилика за препознавање во серијата.

Поврзани новости