Андреј Жерновски: Стевчо ме копира!

by fokus

Стевчо ме копира! – тврди за ,,Фокус’’ Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, откако дознал дека по неговите стапки ќе тргне и Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош, и ќе почне со примена на неговиот проект, субвенционирање на нови велосипеди.

,,Кога пред четири години Општина Центар започна со проектот ,,Цел Центар на точак’’ јас бев мета на напади и исмејувања. Дознав дека од септември и Карпош го планира истото. Заклучокот е дека Стевчо ме копира’’ – вели Жерновски.

Тој додава дека со годинешната акција ќе ја надминат и бројката од 4.000 велосипеди и дека проектот се покажал како многу успешен и прифатен од народот.

,,Во рамките на проектот субвенциониравме триесет одсто од вредноста ( до 3.000 денари) на секој нов велосипед што ќе го купат жителите на Центар. Цел на акцијата е да се намали загадувањето и да се следат европските трендови, според кои велосипедот се почесто станува алтернативно превозно средство. ,,Цел Центар на точак’’ стана популарен проект кај нашите граѓани, најверојатно затоа и на Јакимовски му се видел како добра идеја која може да ја преземе од нас’’ – раскажа Жерновски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости