Андреевски: Враќаме пари назад кај граѓаните, следуваат мерки за аерозагадувањето

by Фокус 13:57
13:57

Во изборната програма на СДСМ во 2016 година главен столб беше да вратиме повеќе парите кај граѓаните и тоа во изминативе две години го правиме постојано и на различни начини, изјави денеска Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

-Веќе е реализирана мерката за враќање на евтината тарифа за елелектрична енергија која беше укината во 2012 година, а преку која денес се враќаат околу 15 милиони евра кај граѓаните. Денес, со мерката за намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто, исто така, се одвојуваат одредени средства, повторно кај граѓаните. За просечен стан чија сметка изнесувала 2.000 денари, трошокот за парно ќе се намали за 1.800 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на БЕГ, за 3000 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на Скопје Север и за 3.240 денари за потрошувачите приклучени на системот на Енергетика во Гази Баба – рече Андреевски.

- Advertisements -

Тој додаде дека во наредниот месец, пред почетокот на грејната сезона ќе следат дополнителни мерки кои, според него, ќе придонесат повеќе пари да се вратат назад кај граѓаните, но и да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух.

Поврзани новости