Андов: Голем преседан и бесмислица е судот да ја забрани мојата книга!

by fokus 12:47
12:47

Поранешниот собраниски спикер Стојан Андов е затекнат од одлуката на Основниот суд Скопје 2, според која времено е забранета продажбата на неговата книга „До атентатот и по него“. Андов во книгата имплицира вмешаност на Љубомир Фрчковски во атентатот на Глигоров. Професорот Фрчковски неодамна пак му поднесе тужба за клевета и навреда.

-Ова е неверојатна работа, од новинарите слушнав дека книгата по наредба на судот е забранета за продажба. Ова прв пат се случува кај нас, апсурдно е. Кај нас се продаваат секакви книги, а мојата ја забрануваат. Не знам што друго да кажам освен дека е голем преседан и бесмислица, изјави Андов за „Фокус“.

- Advertisements -

Решението на судот се однeсува на сите кои вршат продажба на книгата, располагаат со неа и ја нудат на користење како библиотеки, книжарници, издавачки куќи и друго.

В.В.

Поврзани новости