Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ се огради од Димовски: Тоа што пратеници објавувале количина запленета дрога е нивна одговорност

by fokus

Советникот за меѓународна политика на Христијан Мицкоски и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски при вечерашното гостување на телевизија Алсат се огради од пратеникот Илија Димовски кој вчера додека траеше акцијата во Крушопек објави дека бил запленет 1,3 тони кокаин.

-Информациите коишто излегоа од министерството за внатрешни работи треба да ги следиме низ статусите, „Фејсбук“ статусите на министерот, којшто е единствено одговорен носител на функцијата во министерството, а такви бројки од него не слушнавме. Тоа што пратениците, или некој друг граѓанин објавил или медиумите објавиле, е на одговорност на медиумите и на граѓаните коишто објавиле или политичарите. Видовте, партијата ВМРО-ДПМНЕ не излезе со бројки, не излезе со предвремени ставови, туку почекавме министерството во регуларна процедура да ни каже за што станува збор, рече Андоновски.

Поврзани новости