Андоновски: На лидерската средба да се разговара за предвремени избори

by Fokus

Стефан Андоновски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во дневникот на Сител ТВ изјави дека на лидерската средба свикана од Ковачевски, би било добро да се разговарало за предврмени избори.

-Добро би било на таква лидерска средба да се разговара за предвремени избори. Не сме ги разгледале деталите. Кога ќе добиеме таков текст, ќе се произнесеме. Можеби ќе има простор за предвремени избори. За поширок општествен консензус требаше да се разговара пред да се потпишат договорите. Поканата треба прво да пристигне до тие за кои што е наменета, а после тоа да биде објавена во јавноста, изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во однос на поканата на премиерот Димитар Ковачевски до политичките партии за седнување на лидерска средба.
Говорејќи за присуството на партиска делегација на отворањето на клубот во Благоевград што се случи викендов, Андоновски рече дека тоа е историски настан за кој како што рече „ќе се навраќаме со гордост”.

Според него доколку Бугарите отвориле клуб во Македонија кој би се занимавал со културни прашања, на пример насловен како Васил Левски би бил еднакво прифатен.

„Но, тие отвораат клубови за провокација, а не некои кои би соработувале на пример со наши уметници. Клубовите им се само со нивната реклама и да направат негативни чувства на Македонците, ако се оди на отворање на културни клубови, тоа ќе биде соработка и никој нема да има против тоа”, рече Андоновски.

Поврзани новости