Андоновска: Заеви нема да ја спасат од одговорност директорката на гинекологија за починатите бебиња

by Фокус

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, не смее да избега од одговорност за починатите бебиња само поради тоа што е пријателка на сопругата на Зоран Заев – Зорица Заева, порача Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Директорката Јовановска е платена од граѓаните не за да креира хаос, туку да ги решава проблемите, а таа го прави спротивното. Наместо постојано да мисли како да ги брани политичките ставови на нејзиниот близок пријател Зоран Заев и да пишува политички соопштенија, требаше да се грижи да не умираат новороденчиња. Сега е јасно дека нема капацитет за тоа. Најдобро и за неа и за пациентите е да покаже доблест и да се повлече. Негрижата на новата влада на СДС и Таравари за здравјето на граѓаните исплива на површината – рече Андоновска.

Таа истакна дека колку повеќе се расплетува случајот за смртта на бебињата на Клиниката за гинекологија, толку повеќе на површина излегуваат судбините на родилките и нивните новороденчиња.

Поврзани новости