Андонов побара оставка од Спасовски поради Диме Спасов

by Фокус 13:09
13:09

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, побара оставка од министерот Оливер Спасовски бидејќи, според него, Спасовски креирал криминално-полициска местенка за дискредитација на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, мегу кои, нагласи Андонов, веќе настрадал дополнителниот заменик-министер за труд и социјала Диме Спасов.

 

-Имав средба со еден искусен новинар и бев запрепастен дека сме следени од лица кои се поставени од Спасовски. Истиот новинар тоа го постави на социјалните мрежи. Беше следен и Спасов за кој беше изрежиран намерен инцидент. Од која причина и со која цел, дали во врска со активностите има покрената процедура за истражни постапки или тоа го прави по налог на менторот Зоран Заев? – праша Андонов.

- Advertisements -

 

Поврзани новости