Анастасов најави изградба на викенд куќи и хотели на Пониква

by Fokus

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ се осврна на сработеното во изминатите четири години и плановите за наредниот период.

Општина Пробиштип во моментот кога почнав да ја раководам беше задолжена со два реални општински буџети, но сепак реализиравме голем број капитални проекти по пат на донации, бидејќи со општинските средства го сервисиравме долгот на мојот претходник, односно ги отплаќавме неговите проекти, за да ја направиме општината ликвидна, истакна Анастасов.

Најголемото жариште на болести, на кое освен што ќе инвестираме во обновливи извори на енергија, освен нови работни места, ќе обезбеди и приход за општината, со кој ќе реализираме проекти важни за граѓаните на општината, истакна Анастасов, нагласувајќи ја својата визија за Пробиштип во иднина како зелена општина.

За развој на туризмот, општината изготви ДУП за Пониква, каде се предвидени изградба на викенд куќи, мотели и хотели, се планира и изградба на пат преку Рудари – Шталковица – Ратковица до Пониква, а наскоро, со средства со Светска банка, ќе започне реализацијата на проектот за доградба и надградба на сместувачки капацитети во Лесново, со што за првпат општината ќе може да понуди соодветно сместување во едно од најрепрезентативните места во општината – Лесново познато по Лесовскиот манастир, истакна Анастасов.

Поврзани новости