Ана, придружниот вокал на ДНК е ќерка на легендарниот Кире Костов: Со Сара беа неразделни повеќе од две децении!

by Fokus

Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК и професорка во средното музичко училиште е во стабилна состојба и на домашно лекување по пожарот во Кочани.

Талентираната млада жена, која со децении наназад пее придружни вокали на многу познати музичари, и е позната на јавноста многу одамна. Ќерка е на легендарниот композитор Кире Костов, кој почина пред две години, а нејзина мајка е професорката по пијано, Кармен Костова.

Заедно со професорката Сара Пројковска, која го изгуби животот во трагедијата, повеќе од две децении се дружат приватно и професионално и биле дел од бројни концерти, како придружни вокали. Нивната дружба започнала уште од средношколските денови.

Двете заедно, пред две години на концертот во чест на татко и Кире Костов, ги пееја придружните вокали на неговите песни, а семејството доби благодарница за трудот на легендарниот композитор.

Пред околу три години, Ана доживеа семејна трагедија, го изгуби сопругот Бобан, кој почина по кратко боледување, и остана како самохрана мајка да се грижи за нивната ќеркичка.

Слична беше и животната приказна на Сара, чиј поранешен сопруг, џез музичарот Александар Николовски почина по кратко боледување пред околу четири години, и таа самата се грижеше за нивните две деца.

Талентираните Ана и Сара зад себе имаат илјадници настапи како придружни вокали на голем број домашни музички ѕвезди и на популарни музички настани и восхитуваа со нивната енергија, талент и професионалност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости