Ана Петровска од ДОМ – нов државен секретар во Министерството за животна средина

by Fokus

Ана Петровска, член на Извршниот одбор на ДОМ, е именувана за Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Таа е инжинер архитект со долгогодишно искуство во животната средина и просторното планирање. Била работно ангажирана во Градежниот институт “Македонија”, “Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови” (сегашна Агенција за планирање на просторот),  “АБЦ Консалтинг”, “DHW”, “PM” и  “Регионалниот центар за животна средина за централна и источна Европа” (РЕЦ). Ставена е на листата на експерти за оценка на влијание врз животната средина, за стратегиска оцена на животната средина и управител со отпад, како и листата на експерти за оценка на влијание врз животната средина на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

„Ана Петровска има дадено придонес во апроксимацијата со правото на Европската Унија преку раководење на бројни проекти и процеси во земјата и Западен Балкан, а краткорочно била ангажирана и во Унгарија, Украина и Грузија. Била и ко-претседавач на работна група за снабдување со енергија и “паметни” мрежи во рамките на Европската платформа за “Паметни” градови. Во Македонија дала особен придонес во отстранувањето на оловниот бензин и воведувањето на горива со ултра ниско учество на сулфур, создавањето на услови за издавање под концесија на регионалното интегрирано управување со цврст отпад, спроведувањето на енергетска ефикасност во индустријата итн“ – се наведува во соопштението од партијата.

Поврзани новости