Ана или јас, ќе видиме кој прв ќе ја прими вакцината против Ковид-19, вели Вучиќ

by Fokus

Во соседна Србија од утре започнува вакцинацијата против корона вирус, најпрвин во домовите за стари лица, изјави за тамошните медиуми претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Дали Ана Брнабиќ или пак јас, ќе видиме, и некој од државниот врв ќе ја прими вакцината, вели тој.

Од месец јануари пак, се очекува да се започне со масовна вакцинација на населението во Србија, и Вучиќ вели дека стотици илјади, а можеби и милион граѓани ќе бидат вакцинирани.

Вчера во Србија пристигна првата доза на Фејзеровата вакцина и станува збор за 4.800 вакцини кои се складирани на институтот Торлак.

Според последните информации, вчера во Србија биле тестирани 16.022 лица, а позитивни биле 4.080.

Поврзани новости