АМСМ: Снегот го отежна сообраќајот

by fokus

Поради снегот што паѓа од ноќеска, на речиси целата територија на земјата, патниот и железничкиот сообраќај се одвива отежнато, но без сериозни проблеми или застои.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози во северниот, западниот и југозападниот дел од државата,  а во останатите делови коловозите се наместа влажни, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Поради снегот забавено се одвива сообраќајот во Скопје.

Без проблеми утринава се реализирани и предвидените полетувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“.

Поврзани новости