АМС бара од ФФМ санкции за навивачите на Шкендија за вулгарното скандирање

by fokus

Агенцијата за млади и спорт најостро го осудува вулгарното и недоличното однесување на навивачките групи и поединци, за време на одржување на натпреварот меѓу ФК Шкендија и ФК Пелистер.

-Воедно ја искажуваме и безрезервната поддршка на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за доследно и целосно почитување и спроведување на актите, пропозициите и меѓународните препораки и конвенции за спречување на насилно и недолично однесување на спортските терени, како услов и гаранција за учество на наши екипи и репрезентации во меѓународниот спортски систем. Агенцијата за млади и спорт како највисока владина институција која се грижи за развојот на македонскиот спорт и под која се сите национални спортски федерации, апелира до сите надлежни тела, особено до ФФМ да го расветлат овој немил чин кој ги подгрева етничките тензии на и вон спортските терени, се вели во соопштението на Агенцијата за млади и спорт.

На натпреварот Шкендија-Пелистер, навивачите на Шкендија скандираа вулгарни навреди кон Македонците.

Поврзани новости